Микробиологот Пановски предупредува: Во Гостивар има епидемија, епидемиолози, каде сте?

t

Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени.

Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова проценка околу 1.500 лица се регистрирани со исти симптоми, а уште најмалку 5.000 граѓани не побарале лекарска помош.

„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град оболеле 30 проценти од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија. Епа браво“, напиша Пановски.

Тој ги повика епидемиолозите да реагираат, нагласувајќи дека станува збор за професионална, а не политичка обврска.

„Епидемиолози, каде сте? Ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“, порача Пановски.

Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со истрагата за причините за масовните стомачни тегоби во Гостивар. Сè уште се чекаат конечните лабораториски анализи кои треба да покажат дали причината е поврзана со водата за пиење или со друг извор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…

Вучиќ го одложи митингот на СНС во…

Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот…

Андоновски: Национален дата центар ќе се гради…

Речиси 7 трилиони долари ќе се вложуваат…

Николоски: Долгорочните билатерални визи, единствено решение за…

Единственото решение за проблемот со превозниците чиј…

Почина проф. д-р Јован Донев, поранешен амбасадор,…

На 71-годишна возраст во Скопје почина проф.…