На „Богородица“ и на „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
а граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, информира АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано варира и вообичаено е подолго.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На државните патишта во сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Богородица“ и на „Дојран“ за излез…
а граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се…
Шпанија е нов светски шампион во фудбал
Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски…
Владата утре ќе разговара со производителите и…
Производителите и дистрибутерите утре со владините претставници…
САД испраќа дополнителни борбени авиони на Блискиот…
Соединетите Американски Држави распоредуваат дополнителни борбени авиони…
Шакира, Мадона, Џастин Бибер и Би-Ти-Ес приредија…
Финалето на Светското првенство 2026 меѓу Аргентина…