ФИФА ќе поведе официјална истрага против репрезентацијата на Аргентина
ФИФА поведе официјална истрага против репрезентацијата на Аргентина поради серијата скандалозни инциденти кои се случија по завршувањето на финалето на Светското првенство, пишува „Би-Би-Си“.
Светската куќа на фудбалот детално ќе ги анализира извештаите на официјалните лица и видео-материјалите од финалниот натпревар меѓу Шпанија и Аргентина, по што ќе донесе одлука за евентуални санкции.
Под најголем лупа се неколку одделни инциденти на стадионот „МетЛајф“. Првиот дел од истрагата е насочен кон хаосот на теренот веднаш по последниот судиски свиреж, каде главни актери беа аргентинските репрезентативци Леандро Паредес и Науел Молина, како и членот на стручниот штаб, Роберто Ајала.
Дополнително, ФИФА ќе го испитува и неспортското однесување на „гаучосите“ за време на свечената церемонија. Имено, дел од аргентинските фудбалери демостративно ги свртеа грбовите во моментите кога новите светски шампиони, репрезентативците на Шпанија, го подигаа победничкиот пехар.
Ова е втор сериозен процес против Аргентинците на овој шампионат, откако ФИФА претходно отвори постапка и за политичкиот инцидент по полуфиналето со Англија, кога фудбалерите славеа на теренот со транспарент на кој пишуваше „Фолкландските острови се аргентински“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…
(Видео) Делови од Киев без струја и…
Делови од Киев останаа без електрична енергија…
Британски разузнавачи: Генералот Апостолски не е агресивен…
Генерал Михајло Апостолски не е агресивен комунист,…
(Видео) Казнети четворица возачи, блокирале булевар во…
Министерството за внатрешни работи информира дека во…