Возел со 4,35 промили алкохол во крвта: Полицијата уапси 26 годишник
Полициски службеници од ОВР Делчево вчера попладне лишиле од слобода 26-годишен жител на беровското село Митрашинци, откако бил фатен како управува возило под силно дејство на алкохол.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јули околу 15:05 часот, при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево, било запрено патничко возило „Ровер“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (26).
При извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал дури 4,35 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возел со 4,35 промили алкохол во крвта:…
Полициски службеници од ОВР Делчево вчера попладне…
МВР демантира етничка провокација во случајот со…
Се појави вест дека на патот од…
Експлозии низ Русија и на Крим по…
Силни украински напади со дронови и проектили…
Шест члена на едно семејство загинаа во…
Шестмина членови на исто семејство, меѓу кои…
Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија…
Русија преку својот амбасадот во Скопје, Дмитриј…