Како ли ја запалил колата: Уапсен возач во Делчево, возел со 4,35 промили алкохол во крвта !
Полицијата во Делчево уапси возач од беровско, управувал возило со 4,35 промили алкохол во крвта.
Според информациите на МВР, вчера во 15:05 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско.
При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си Џинпинг: Конкуренцијата меѓу Кина и САД…
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека…
Сузан Сарандон уапсена на протестот против Нетанјаху…
Холивудската легенда Сузан Сарандон беше меѓу уапсените…
Франција испраќа војници и ПВО во Саудиска…
Франција ќе распореди војници, радари и системи…
Британскиот премиер по 40 години го враќа…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната…
Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…