ЦУК: Активни се четири пожари

t

Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите на депонија во село Доброшинци во општина Василево и градската депонија во општина Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

ЦУК: Повеќе од 1000 повици од граѓани…

Поради невремето проследено со силен ветер, кое…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

ЦУК воспоставува систем за рана детекција на…

Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот…

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде…

На територијата на државата денеска до 18…