Објавено на:

Судењето на Мадуро ќе почне во јуни 2027 година

t

Почетокот на судскиот процес против соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој во Њујорк е обвинет за трговија со дрога, е закажан за 1 јуни 2027 година, беше соопштено на денешното подготвително рочиште во Федералниот суд во Менхетен.

Против 63-годишниот поранешен претседател, кој беше уапсен од американските сили во Каракас на почетокот на годинава и од 3 јануари се наоѓа во затвор во Бруклин, се покренати четири обвиненија, меѓу кои и за наркотероризам.

Неговата 69-годишна сопруга Силија Флорес е обвинета по три точки од обвинението.

Двајцата ги отфрлаат обвиненијата.

Во писмото испратено вчера до федералниот судија Алвин Хелерштајн, кој претседава со процесот, обвинителот Џеј Клејтон и одбраната заеднички побараа судењето да започне во јуни 2027 година.

До ова дојде откако американската администрација конечно ѝ дозволи на Венецуела да ги плати трошоците за правната одбрана, што претходно беше блокирано поради меѓународните санкции против земјата.

При своето прво појавување пред судот во Њујорк, непосредно по апсењето во американската воена операција во која, според наводите, биле ангажирани околу 150 авиони, хеликоптери и копнени сили, Мадуро се нарече „воен заробеник“.

Покрај кривичните обвиненија, семејствата на петмина млади луѓе убиени во Венецуела на почетокот на јули поднесоа и граѓанска тужба против Мадуро, обвинувајќи го дека наредил нивна егзекуција како дел од поширок модел на државно насилство.

По неговото соборување од власт, функцијата привремено ја презеде Делси Родригез, која управува со земјата под силен притисок од Вашингтон, кој тврди дека има влијание врз политичките случувања во Венецуела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето на Мадуро ќе почне во јуни…

Почетокот на судскиот процес против соборениот венецуелски…

Цените на нафтата скокнаа на 95 долари

Цените на нафтата беа за околу 4%…

Украина и САД бараат начин за оживување…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговарал…

(Видео) Обилни дождови направија хаос по улиците…

Речиси 100 пријави стигнале до попладнево до…

Израел почна да копа ровови за крокодили…

Израел започна со копање ровови наменети за…