СДСМ: „Прво Гостивар, сега Валандово – кој град е следен?“

t

СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со загадената вода во Гостивар и Валандово укажуваат на сериозни системски слабости во функционирањето на институциите задолжени за заштита на јавното здравје.

Од партијата посочуваат дека по масовното труење во Гостивар, каде, според нив, граѓаните со недели користеле загадена вода, сега и во Валандово е утврдено дека водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење поради зголемено ниво на арсен. Потсетуваат дека ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје издадоа препорака водата да не се користи за пиење.

Според СДСМ, овие случаи не претставуваат изолирани инциденти, туку се показател за системски проблеми во управувањето со институциите. Партијата ја обвинува Владата дека нема капацитет да обезбеди ефикасна контрола и заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Во соопштението се наведува дека слабата институционална контрола и, како што тврдат од СДСМ, поставувањето кадри според партиски, наместо стручни критериуми, довеле до ваквата состојба.

Од СДСМ оценуваат дека Владата е насочена кон други приоритети, додека, според нив, основните системи што треба да ја гарантираат безбедноста на граѓаните не функционираат соодветно.

Партијата прашува кој ќе биде следниот град што ќе се соочи со ваков проблем и повикува на преземање одговорност и воспоставување ефикасен систем за заштита на јавното здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

Изгоре куќа во Валандовско, во една од…

Пожар вчера избувнал во куќа во валандовското…