Газда на фирма не пријавил данок од над 8 милиони денари
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против физичко лице – сопственик и управител на правно лице, како и против самата компанија, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ согласно член 279 од Кривичниот законик.
Според Финансиската полиција, првопријавениот С.З., како сопственик и управител, со намера да стекне противправна имотна корист, не пријавил и не платил повеќе даночни обврски поврзани со трговска стока евидентирана како залиха во вредност од 26,08 милиони денари.
Како што наведуваат од УФП, не бил пресметан и уплатен ДДВ во вкупен износ од 4,36 милиони денари, како и данок на личен доход од 2,89 милиони денари.
Дополнително, пријавениот не ги прикажал како приход застарените и ненамирени обврски во вредност од 8,12 милиони денари, а не поднел ниту даночен биланс за 2025 година, со што не бил пресметан и платен данок на добивка од 812 илјади денари.
Од Финансиската полиција информираат дека со овие дејствија Буџетот на Република Северна Македонија бил оштетен за вкупно 8.070.791 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газда на фирма не пријавил данок од…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите…
Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави…
Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…
Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…
МВР поднесе прекршочна пријава против едно лице:…
СВР Охрид соопшти дека на протестот одржан…
Земал 10 милиони, не платил данок: Кривична…
Единицата за економски и компјутерски криминал при…