Во Грција се шири нилска треска: регистрирани 21 случај
Во Грција, од почетокот на сезоната на надзор за 2026 година до 22 јули, се потврдени 21 автохтон случај на вирусот Западен Нил, пренесува „Гр тајмс“.
Од вкупниот број заразени, кај 20 лица се развиле тешки невролошки компликации, како енцефалитис, менингитис или парализа, додека едно лице имало поблага клиничка слика. Само во текот на изминатата седмица се регистрирани 14 нови случаи, а во болница во моментов се лекуваат 13 пациенти. Засега не е пријавен ниту еден смртен случај.
Најголем дел од случаите се регистрирани во областа Атика, поточно во општините Спата-Артемида, Маркопуло, Палини, Агија Параскеви, Вари, Коропи, Лаврио, Неа Јонија, Халандри, Атина и Глифада. Поединечни случаи се евидентирани и во Лариса и Паламас.
Како подрачја со зголемен ризик дополнително се означени и општините Пеанија, Рафина-Пикерми, Амарусио, Ираклио и Филотеи-Психико, поради нивната близина до погодените области и зголемените епидемиолошки фактори.
Вирусот Западен Нил во Грција се смета за ендемски уште од 2010 година, а појавата на нови случаи во текот на летните месеци се смета за очекувана. Слична епидемиолошка состојба е регистрирана и во Македонија, Италија, Романија и Шпанија.
Грчките здравствени власти апелираат до надлежните институции да продолжат со програмите за сузбивање на комарците, а до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…