Почина 27 годишен осуденик во кумановскиот затвор
Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово почина во Казнено-поправната установа Куманово – Затвор К’шање.
Според информациите од МВР, вчера во 12:35 часот било пријавено дека во затворот бил пронајден починат С.Ш.(27) од Куманово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Причините за смртта ќе бидат утврдени по завршувањето на обдукцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три…
Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата врз…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…
Нов случај на затруено дете во Куманово,…
Уште еден нов случај на затруено дете…