Османи: Муцунски го потврди тоа што го велам 4 години дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка

t

Четири години трпам критики оти велам дека протоколите не се дел од преговарачката рамка, а сега тој чекор е поминат, вели ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако актуелниот министер Тимчо Муцунски денеска изјави дека протоколите, односно записниците од разговорите, не се дел од Преговарачката рамка.

„Четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат – Протоколот не е дел од рамката. Продолжуваме понатаму…“, напиша Османи на Фејсбук и објави дел од денешната прес-конференција на Муцунски каде го говори тоа.

Поточно, Муцунски доби прашања во однос на спорот со Бугарија, при што истакна дека земјава е во постојана комуникација со земјите-членки, европските институции, како и со соседна Бугарија, но не сакаше да даваше оценка колку двете земји се блиску или далеку од решение.

Тој посочи дека во целост се согласува со ставот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оти во содржината на преговарачката рамка, нема ниту експлицитна ниту, пак, имплицитна одредба поврзана со моментот на влегување во сила на уставните измени.

На новинарско прашање околу тоа дали протоколот е дел од Преговарачката рамка, пак, министерот неколкупати одговори негативно.

-Мојот став како министер за надворешни работи е дека протоколите, да повторам, тоа е називот на записниците од разговорите, некој одлучил да се наречат протоколи, зошто тоа е направено, еве во тоа да не навлезам, согласно моето толкување и како министер за надворешни и како правник е дека тие не се дел од преговарачката рамка – рече Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Муцунски го потврди тоа што го…

Четири години трпам критики оти велам дека…

Гигантски скакулци ја нападнаа Бугарија

Во последните недели, од различни делови на…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Паѓа довербата во Владата на Радев

Довербата во кабинетот на Радев опадна за…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…