Недостиг на гориво во делови од Русија, Москва ја продолжува забраната за извоз на бензин
Неколку руски региони и натаму се соочуваат со проблеми во снабдувањето со гориво, а најсериозна е состојбата во делови од Сибир, изјави заменик-премиерот на Русија, Александар Новак.
Според него, состојбата постепено се подобрува, но во одредени региони и понатаму останува тешка. Поради тоа, руските власти одлучија забраната за извоз на бензин да остане во сила до крајот на годината, додека ограничувањата за извоз на дизел ќе бидат укинати дури откако домашниот пазар целосно ќе се стабилизира.
Русија воведе повеќе мерки за заштита на домашното снабдување со гориво, откако зачестените украински напади со беспилотни летала врз нафтените рафинерии предизвикаа недостиг на бензин и нагло зголемување на цените.
Новак посочи дека, доколку биде потребно, Казахстан би можел да испорачува дополнителни количества нафтени деривати за рускиот пазар.
Казахстан во јули ја реализираше и првата испорака на бензин во Русија, при што околу 1.000 тони беа доставени во еден регион во централниот дел на земјата. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Недостиг на гориво во делови од Русија,…
Неколку руски региони и натаму се соочуваат…
Грчки државјанин уапсен на Табановце: На граничниот…
Полициски службеници на Граничниот премин Табановце синоќа…
Гостивар излегува од врвот на епидемијата! Водата…
Според графичкиот приказ со дневните податоци за…
Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување…
Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука…
(Видео) Драматични снимки од околината на Мадрид:…
Драматични снимки направени во петокот во град…