Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата испорачува – во рекорден рок саниран проблемот во Гостивар

t

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана сега за сега од страна на обвинителството, доколку е потребно тие ќе лоцираат и нова одговорност. Од страна на државата иако тоа не се наши ингеренции, ние обезбедивме веднаш вода за пиење. Благодарност до сите кои се приклучија на таа активност со своите донации. Екипи од Скопје, од Водовод, се во Гостивар, работат. Очекувам денеска-утре иако резултатите се веќе добри, да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше. Тоа што ние како Влада можеме да го направиме, го правиме, а мене ме чуди што опозицијата уште не излезе со критика кон општината и раководството кое го поддржуваше за време на локалните избори. Можеби ја пропуштија таа шанса, но знаете, на нашата политичка сцена има многу лешинари кои се обидуваат да добијат некој политички поен, а не сфаќаат дека им се враќа како бумеранг назад, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата испорачува –…

Политиката на опозицијата е да конструира лаги…

Утре променливо облачно и нестабилно време со…

Времето утре ќе биде променливо облачно и…

Пожар во парк шумата Гази Баба

Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба.…

(Фото) Старо-Нова Македонија: Од урнатини до симбол…

Во раните утрински часови на 26 јули…

(Видео) Русија изврши балистички напад врз Киев

Русија во текот на ноќта изврши балистички…