Мачка им носела дрога на затвореници во Русија
Вработени во руски затвор пресретнаа мачка која била користена за да им пренесува дрога на затворениците внатре, во градот Нижни Новгород.
Според Федералната служба за извршување на казнени санкции, „крзнениот престапник“ носел две импровизирани платнени јаки околу вратот, а во нив биле скриени забранети супстанции наменети за затворениците.
Вработените во казнено-поправната установа го забележале мачето-курир за дрога пред тоа да влезе во објектот. Животното било фатено, а јаките му биле извадени. На местото на настанот брзо пристигнал водич со куче-трагач, кое потврдило дека во јаките имало наркотици.
Претставниците на ФСИН изјавија дека мачето било пуштено откако службениците се увериле дека не е повредено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…