Објавено на:

Иран со нови закани кон Бугарија: „Мора да сносат одговорност“

t

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews.

Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи рече: „Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази“.

Во соопштението се додава дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај и тврди дека во минатото биле донесени слични одлуки за „поддршка на американските воени операции против Иран“.

„Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија.Со децении односите меѓу нашите два народи се засноваа на взаемно почитување“, се заклучува во пораката на иранското министерство.

Последната реакција на Техеран дојде само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер на социјалната мрежа Truth Social.

„Ви благодарам, премиере Радев! Бугарија стои со Трамп и го поддржува распоредувањето на американската воздухопловна база и покрај заканите од Иран“, напиша Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран со нови закани кон Бугарија: „Мора…

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија…

(Видео) Со натписи УЧК вандализиран Српскиот културен…

Министерот за локална самоуправа и лидер на…

Поскапува и парното

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Бугарски портали шират пропаганда во Македонија, полицијата…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Ирачки командант: Можно е Иран да се…

Присуството на припадници на ирачките Народни мобилизациски…