Објавено на:

Ова е официјално најубавиот гол на Светското првенство

t

Голот што репрезентативецот на Зеленортските Острови, Сидни Лопес Кабрал го постигна против Аргентина е прогласен за најубав гол на Светското првенство во 2026 година, кое се одржа во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Лопес Кабрал го постигна ова признание благодарение на спектакуларниот гол во натпревар во кој Аргентина го запре историскиот настап на репрезентацијата на Зеленортските Острови дури по продолженијата.

Дефанзивецот на Трабзонспор во 103-тата минута го погоди спротивниот агол со прецизен удар од левата страна и го израмни резултатот на 2:2.

Неговиот гол не беше запаметен само по својата убавина, туку и по начинот на кој го прослави.

Откако ја затресе мрежата, Лопес Кабрал се одвои од соиграчите кои се обидуваа да го прегрнат, истрча кон трибините, каде прво ја прегрна својата девојка, а потоа отиде да ја најде мајка си.

– Пред натпреварот, им кажав на мајка ми и девојка ми дека ако постигнам гол, ќе истрчам кај нив – рече 23-годишниот дефанзивец.

Тој додаде дека по пристигнувањето на трибините, затекнал необична сцена.

– Кога пристигнав, видов дека мајка ми плаче. Таа дури и не сфати дека сум до неа. Сите беа собрани околу неа бидејќи се онесвести кога постигнав гол – рече Лопес Кабрал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првото бебе родено во 2026 е девојче!

Точно на полноќ, на 1 јануари 2026…

Орбан: 2026 година ќе биде клучна за…

Оваа година беше пресвртница, а 2026 година…

Бугарските медиуми љубоморни на Македонија? „Уште еден…

Весникот „Стандарт“ од Бугарија како да ѝ…

Кривична пријава против седум лица поради „местење“…

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција,…

Голот на Миовски против Лихтенштајн избран за…

Македонската репрезентација славеше победа во првото квалификациско…