Трамп со нов ултиматум: Или договор, или нови напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД привремено ги прекинале нападите врз Иран за да им дадат уште една можност на дипломатските преговори.
Во интервју за „Аксиос“, Трамп рече дека актуелните разговори се насочени кон постигнување нов договор со кој повторно би се отворил Ормускиот теснец и би продолжиле преговорите за иранската нуклеарна програма.
Според него, разговорите главно се водат меѓу Иран и Оман, а во нив активно учествуваат и Катар, Пакистан и Египет, како и неговите пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
„Водиме многу сериозни разговори со Иран. Ако не успеат, ќе се вратиме на многу силни воени дејствија“, изјави Трамп.
На прашањето колку време е подготвен да ѝ даде шанса на дипломатијата, американскиот претседател одговори: „Не многу. Или сè ќе се одвива брзо, или воопшто нема да се случи.“
Трамп додаде дека одлуката за привремено запирање на нападите ја донел во петокот, по барање на земјите што посредуваат во преговорите.
„Сите што учествуваат во разговорите со Иран ме замолија да не наредувам напади“, рече Трамп, додавајќи дека верува дека Техеран е заинтересиран за постигнување договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…