Мицкоски: Владината иницијатива за привлекување на туристи носи резултати

t

Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи носат резултати, оцени премиерот Христијан Мицкоски.

-Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми и тоа, впрочем, го нотира Светска банка во Tourism Watch, во последната едиција на овој извештај, каде ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преножувања. Нешто што за нас е навистина импресивно, рече премиерот.

Истакна дека тој процент е 40 % споредено со претходната година.

-Тоа е за нас големо признание посебно што тоа учествува во БДП и јас очекувам тоа да се забележи во БДП во вториот квартал од оваа година, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За половина година Албанија ја посетиле над…

Во првата половина од годинава во Албанија…

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

За 6,9 проценти зголемен бројот на странски…

Во март годинава во земјава се евидентирани…

Атина воведува ограничување на туризмот: Има 700…

Атина не може да функционира како огромен…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…