Русија го бара основачот на Телеграм со меѓународна потерница!
Коосновачот на Телеграм, Павел Дуров, е обвинет во Русија за помагање на терористички активности и по него е издадена меѓународна потерница, објави Центарот за односи со јавноста на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Во соопштението на ФСБ се наведува дека „прекршувајќи го рускиот закон, администрацијата на Телеграм не отстранила бројни канали, разговори и ботови на овој месинџер, кои активно ги користат украинските разузнавачки агенции, терористичките и екстремистичките организации за подготовка и координирање саботажи, терористички напади, масовни убиства и сајбер-измами во Руската Федерација, што резултираше со бројни човечки жртви, вклучувајќи жени и деца, како и материјална штета во износ од милијарди долари“.
Според член 205.1, став 1.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација, поттикнувањето, регрутирањето или на друг начин вклучувањето на лице во извршување на најмалку едно терористичко кривично дело се казнува со затвор од 8 до 15 години со можна дополнителна парична казна до 700.000 рубли или приходите на осуденото лице за период од две до четири години, или доживотен затвор. Телеграм е апликација за пораки што овозможува размена на пораки и медиумски датотеки во многу формати. Создадена е во 2013 година од Павел Дуров, основачот на социјалната мрежа ВКонтакте. Телеграм има повеќе од милијарда активни корисници месечно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го бара основачот на Телеграм со…
Коосновачот на Телеграм, Павел Дуров, е обвинет…
Русија парично ја казни апликацијата „Телеграм“ поради…
Русија вчера ја казни платформата за испраќање…
СЕ ОГЛАСИ ДУРОВ, првпат по апсењето во…
Основачот на Телеграм, Павел Дуров се огласи…
Основачот на Телеграм пуштен на слобода за…
Основачот на Телеграм, Павел Дуров е ставен…
Сопственикот на Телеграм, Дуров, номиниран за Нобелова…
Основачот на Телеграм, Павел Дуров, кој е…