Македонски ученици го освоија првото место на меѓународниот хакатон SHU2026 Young Makers во Италија

t

Македонски ученици го освоија првото место на меѓународниот хакатон SHU2026 Young Makers во Италија, каде со проектот BasilicaXR го претставија културното наследство преку 3D скенирање и XR технологија.

View this post on Instagram

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

– ПОБЕДА на меѓународниот хакатон #SHU2026 Young Makers во Каша, Италија!

Во рамките на #SHU2026 Young Makers, меѓународен хакатон што обедини 400 млади луѓе од целиот свет околу темите мир со себе, мир со планетата и мир меѓу луѓето, нашите ученици покажаа дека знаењето, креативноста и тимската работа немаат граници.

🏆 Победници на хакатонот се тимот BasilicaXR, предводен од Никола Настев од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, заедно со Дарио Павлески од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и нивниот меѓународен тим и ментор.

Нивниот проект BasilicaXR овозможува секој да ја доживее убавината на италијанските базилики преку 3D скенирање и XR технологија, правејќи го културното наследство достапно за сите од каде било во светот.

👏 Со одлични идеи се претставија и:

🎙 Стефанија Павлевска и Панчо Соколов, со проектот The Voice of Cascia – платформа што ги поврзува локалното население и туристите преку текстуални, аудио и видео пораки преку споделување автентични приказни, препораки и скриени богатства што го прават секое патување незаборавно.

🎲 Олга Димитријева и Калиопа Данева, со проектот Rita’s Dare – интерактивна игра со предизвици која ги поттикнува жителите на Каша да се дружат, да излезат од својата комфорна зона, да стекнуваат нови пријателства и да покажат храброст токму кога е најпотребна.

Нашата група беше предводена од Еразмус+ координаторот Марија Рашковска, која ги поддржуваше учениците низ целиот процес.

Во само 48 часа, интернационалните тимови успеаја да создадат иновативни решенија за реални предизвици, докажувајќи дека кога младите ќе добијат можност да соработуваат, различностите стануваат сила, а идеите – реалност.

💙 Горди сме на сите наши ученици кои достојно ги претставија своето училиште и државата и уште еднаш потврдија дека со посветеност, тимска работа и храброст да се размислува поинаку, дури и за кратко време може да се постигнат извонредни резултати. – објавија од училиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Алиу: Болницата во Струмица е дел од…

Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф…

Малолетник нападнат со метален предмет од тројца…

Во СВР Тетово синоќа бил пријавен случај…

„Дали сакаш да те убијам?“ – УЧЕНИК…

„Дали сакаш да те убијам?“ - вака…

Ученици фрлале со камења кон слоницата во…

Зоо негувателот Виктор вработен во скопската Зоолошка…