Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија

t

Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.

По изборот, Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд.

Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирала во 1985 година, а магистерските студии по правни науки ги завршила на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје во 2014 година. Правосудниот испит го положила во 1987 година. Кариерата ја започнала како адвокатски приправник и стручен соработник, а потоа работела како адвокат во сопствена канцеларија. Од 1996 до 2005 година беше судија во Основниот суд Скопје II, а потоа продолжи како судија во Апелациониот суд Скопје. Од 2012 до 2018 година беше член на Судскиот совет, по што се врати во Апелациониот суд. Во 2023 година беше избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје. Во својата кариера била претседател на стопанските оддели во Основниот и во Апелациониот суд, а говори и англиски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за…

Собранието денеска во рамки на 97. седница…

САД ја поддржуваат енергетската независност на Македонија,…

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,…

Обид за атентат: Застрелан директор на руска…

Директорот на руската компанија за развој на…

Големиот пожар се доближи на само 15…

Големиот шумски пожар што беснее во неколку…

По хиперхлорирањето, во водата во Гостивар се…

Водата во Гостивар во моментов останува да…