Објавено на:

Пронајдени човечки останки во Косово кој може да решат мистерија за 23 исчезнати лица

t

Нова трага за 23 исчезнати интелектуалци се појави во селото Мала Калуѓерка кај Зубин Поток, каде што косовските власти почнаа ископувања по откривањето човечки останки и делови од облека. Првичната судско-медицинска процена потврдила дека коските се од човечко потекло и имаат форензичко значење.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека првото сомнение е оти останките можеби им припаѓаат на 23 интелектуалци од Митровица, киднапирани и присилно исчезнати на 19 април 1999 година. Тој нагласи дека идентитетот сè уште не е потврден и дека треба да се почекаат резултатите од форензичките анализи.

Специјалното обвинителство на Косово повика на внимателност и предупреди дека секое поврзување на останките со конкретни жртви е прерано пред да завршат испитувањата и идентификацијата. Локацијата досега не била целосно истражувана во потрагата по исчезнатите од војната во 1998 и 1999 година.

Во врска со случајот се уапсени двајца косовски Срби со иницијали М.Ј. и М.Б. Тие се осомничени за воени злосторства врз албанското цивилно население во регионот на Митровица и им е определено задржување. Според косовските полициски информации, истрагата се однесува на убиството на 23 цивили во 1999 година.

Албанскиот „ABC News“ објави и верзија според која случајот може да е поврзан со група од 28 лица што се движеле кон границата со Црна Гора, од кои петмина се спасиле, а 23 исчезнале. Оваа верзија засега не е официјално потврдена од обвинителството и се разликува од информациите за исчезнатите интелектуалци од Митровица.

Во Косово и натаму за исчезнати се водат околу 1.600 лица од војната. Ископувањата во Зубин Поток продолжуваат со учество на судско-медицински екипи, Комисијата за исчезнати лица, полицијата и ЕУЛЕКС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…

Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…

Полска бара акција од НАТО: „Соборете ги…

Полска им предложи на сојузниците на НАТО…

„ВЕЌЕ НЕМАМЕ ПАРИ ЗА СЕ“, остро порача…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес во…

„КООРДИНАЦИЈА НУЛА“: „Ниту една повеќе“ им даде…

Со остри критики кон институциите и барања…

(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција…

На денешниот протест против насилството врз жените,…