Медведев: Конфликтот во Украина ќе заврши со победа на Русија
Претседателот на партијата „Единствена Русија“ и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека конфликтот во Украина ќе заврши со победа на Русија и рече дека злосторствата на украинските националисти, треба да бидат документирани и предмет на идна кривична постапка.
„Сè што направиле тие луѓе од Бандера, нацистите, не само што треба да се евидентира и обработи, туку на крајот мора да се претвори во целосна кривична постапка. Така функционираше Советскиот Сојуз по завршувањето на Втората светска војна – тоа е она што треба да го правиме и ние“, рече Медведев на младинскиот форум „Гвардејск“ во Тверската област, каде што зборуваше за иднината на Русија, зачувувањето на историското сеќавање и развојот на технологијата.
„Мораме да размислуваме за иднината. Бидејќи кога ќе заврши конфликтот, а несомнено ќе заврши и ќе заврши со наша победа, ќе мора да извршиме одредено пренасочување на луѓето од еден сектор во друг и да спроведеме диверзификација“, рече Медведев, пренесува РИА Новости. Тој изјави дека по завршувањето на конфликтот, ќе биде потребно воените технологии, вклучително и беспилотните летала, да се применуваат во поголема мера и во цивилниот сектор.
„Дури и беспилотните летала, за кои сите зборуваат сега и кои се веројатно една од најактуелните теми во светот – научивме да ги произведуваме, иако порано правевме многу малку од нив и многу лошо. А сега сме водечка земја“, рече Медведев.
Зборувајќи за историското сеќавање, Медведев ги обвини западните земји дека, како што рече, се обидуваат да ги омаловажат заслугите на Русија и нејзините победи.
„Курсот е поврзан со фалсификување на историјата на нашата голема татковина, омаловажување на заслугите на нашиот народ и разни обвинувања“, рече Медведев, заблагодарувајќи им се на учесниците на форумот за нивната работа за зачувување на споменот на војниците убиени во Втората светска војна, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: Конфликтот во Украина ќе заврши со…
Претседателот на партијата „Единствена Русија“ и заменик-претседател…
Најмалку 15 слонови угинале во Кенија, се…
Најмалку 15 слонови угинале во текот на…
Повеќе Бугари патуваат во Македонија отколку Македонци…
Во јуни во Македонија допатувале 6.400 бугарски…
Илире Даути ги блокира пратеничките прашања, Гаши…
Наместо конструктивна дебата и одговори на пратеничките…
Андоновски тврди дека дата-центрите нема да ѝ…
Изградбата на дата-центри во земјава нема да…