Муцунски за Фетаи: Има мрежа на контакти кои можат да ни служат, ги познава сите официјални јазици на Белгија

t

Според членот на Владата и шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски, назначувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник во ЕУ е легитимно прашање и смета дека јавноста заслужува одговори за тоа што екс-вицепремиерот, како што беа наводите, додека беше на функцијата одреден период не одеше на работа, а земаше плата.

-Саакм отворено да зборувме прво кој е Арбен Фетаи. Тој е личност кој своето обрзовние го стекнал во Белгија, ги познава сите официјални јазици на Белгија. Арбен Фетаи не само што ги познава сите официјални јазици на Белгија, туку работел и бил ангажиран од различни и владини и невладини организации токму во Брисел. Има мрежа на контакти кои може да служаат во интерес на државата. Објективно гледано, Арбен Фетаи има двојно држвјанство – македонско и белгиско. Ако немаше двојно, веројатно ќе беше идеален кандидат за наш амбасадор во ЕУ. За мене беше и одличен соработник во Владата. Лесно е да се критикува, но добро е да зборуваме и за фактите. Нас ни треба човек таму заради динамиката на активностите. Ќе ѝ служи на државата во овој специфичен период. Тој во својата биографија го исполнува профилот на личноста што ни треба таму, рече шефот на макеоднската дипломатија.

Според Муцунски, тврдењата дека Фетаи не доаѓал на работа се паушални и не се врз основа на точни информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си…

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски…

СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…

После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…

ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…

Муцунски: Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ се симбол…

Овие кадровски промени кои што вчера се…