Делови од Дебар соочени со недостиг на вода, ЈКП „Стандард“ апелира на рационална потрошувачка

t

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ од Дебар апелира до жителите да ја користат водата исклучиво за неопходни потреби, со оглед на тоа што неколку населби од градот во изминатите денови се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Проблемот со водоснабдувањето во дел од населбите, велат оттаму, станува сè посериозен.

„Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме четири, а потоа и петчасовна рестрикција, во населбите Венец 1, Венец 2, Тараник и Ќернаница, но проблемот станува сè посериозен, бидејќи во делови на градот вода нема и повеќе часови, посебно во повиоските катови на станбените згради“,велат од ЈКП „Стандард“.

Секоја употреба на водата што не е од суштинска потреба се смета за злоупотреба, велат од претпријатието и замолуваат граѓаните да не ја користат за наводнување, полнење на базени, миење дворови и тротоари. Додаваат дека секој заштеден литар помага повеќе семејства да имаат пристап до вода за пиење во овој период.

Од претпријатието додаваат дека нивни екипи во континуитет работат на стабилизирање на водоснабдувањето и преземаат мерки за што побрзо подобрување на состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат комплексот на „Сауди Арамко“: Пожар во…

Комплексот на саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“…

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување…

Европската Унија останува стратешка цел на државата…

Драма во Црното Море: 11 морнари исчезнати…

Единаесет морнари се водат како исчезнати по…

Европската комисија предупредува на исклучително тешка зима:…

Европската Унија се подготвува за исклучително тешка…

Нов скандал ја тресе Бугарија: Радев од…

Бугарскиот премиер Румен Радев побара од директорот…