73 годишен охриѓанец вперил пиштол кон скопјанец, се скарале за паркинг место

t

Седумдесет и тригодишен жител на Охрид е приведен откако, според пријавата, вперил пиштол кон 51-годишен скопјанец по расправија околу паркирано возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 1 август, околу 13:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Р. (73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава.

Според информациите, инцидентот се случил околу 12:00 часот во ходник на станбена зграда во Охрид, каде по недоразбирање околу паркирање, осомничениот наводно вперил пиштол кон Г.К. (51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда.

По приведувањето, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на осомничениот. При претресот биле пронајдени и одземени дозвола за оружје, пиштол „Застава“, пушка „Застава“, муниција и резервни делови.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија –…

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива во фокус…

Стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен…

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување…

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба…

Игор Ивановски, Андреј Петров и поранешните функционери…

Почнувајќи од следната недела, пред лидерот на…

Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери…

​Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското…