Објавено на:

Банка затворила 300 сметки поврзани со Трамп, имало сомнежи за перење пари

t

Финансиската корпорација „Капитал уан“ (Capitol One) одговори на тужбата поднесена против неа од страна на „Организацијата Трамп“ за затворање на банкарски сметки во постапка почната пред неколку години, пишува „Гардијан“.

Банката објасни дека одлуката е донесена по детална ревизија спроведена од нивните експерти за спречување на перење пари.

Ова е првпат банка официјално да ги поврзе сомневањата за перење пари со бизнисот на семејството на Доналд Трамп.

Компанијата „Трамп Организација“ и Ерик Трамп ја поднесоа тужбата во март 2025 година, тврдејќи дека сметките биле затворени поради политичка дискриминација и ставовите на банката по настаните од 6 јануари 2021 година.

Од „Капитал уан“ ги отфрлаат овие обвинувања како неосновани и истакнуваат дека планот за затворање на повеќе од 300 сметки поврзани со Трамп бил донесен уште во март 2021 година.

„Капитал уан“ сега бара од судот да ја отфрли тужбата и ги оспорува тврдењата дека незаконски одбил услуги на „Организацијата Трамп“ од религиозни или политички причини. Банката не ја обвини директно компанијата на Трамп за перење пари, но во судскиот поднесок наведува дека „документите и наводите на самите тужители јасно покажуваат дека „Капитал уан“ ги затворил сметките од причини поврзани со спречувањето на перење пари“.

„Сметките беа затворени по неколкумесечна анализа и внимателна верификација од страна на тимот за борба против перење пари на банката, сè во согласност со внатрешните правила и упатства на регулаторот“, се наведува во документацијата.

Во поднесокот, исто така, се додава дека „шемите на трансакции идентификувани од „Капитал уан“ спаѓаат во видовите активности за кои предупредуваат федералните банкарски упатства“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…