Маѓар повика на штедење електрична енергија во критичните пет дена

t

Унгарскиот премиер Петер Маѓар упати апел до граѓаните, компаниите, општините и институциите во земјата да ја намалат или да ја прераспределат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 17 до 21 часот.

„Само денес, унгарските граѓани, компании, општини и институции заштедија 700 мегавати електрична енергија, што е еквивалентно на производството на еден и пол блок од нуклеарната централа Пакш! Од срце ви благодариме за националното единство“, напиша Маѓар.

Тој посочи дека утре започнуваат „најкритичните пет дена“ и ги повика сите компании и граѓани да ја намалат потрошувачката или да ја пренасочат во друг период, особено во часовите од 17 до 21 часот.

„Заеднички ќе го надминеме и овој тежок период и ќе го покажеме подоброто и похумано лице на Унгарија“, порача унгарскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…

Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…

Од јахти и приватни авиони до десетици…

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…

По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…

Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…

Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…

Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…

Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…