ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот
СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава, наведуваат од владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека тој систем веќе 2 години се менува.
-Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб, посочуваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20…
СДС се препозна и се прогласи за…
ВМРО-ДПМНЕ му возврати на СДСМ: Порано водата…
За разлика од некои минати времиња кога…
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме омразата и песимизмот…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека нема да…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции…
Филипче да престане да глуми загриженост за…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС криеле анализи за…
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во периодот кога…