Ковачки: Тие што со децении ја влечеа државата во кал, тие денес сами се препознаа како талог
Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
-Таму се снаоѓаат како риба во вода.
Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство.
Дедото се клањал на едни, таткото на други, а внукот ја мери јачината и правецот на ветерот и однапред си се наведнува.
Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва…адресата се менува, ама држењето (виткањето) не.
Што би рекол народот:
Трета генерација исправен ’рбет не памети.
Тоа што измеќарството го издигнаа на ниво политичка доктрина и го нудат како единствен разумен пат, не е ништо друго туку обид за да си ја кренат цената, притоа не сфаќајки дека не само што така си ја спуштаат сопствената цена, истовремено кревајќи ја летвичката за сопствената татковина повисоко.
Македонија нема време за губење со таквите структури. Одиме напред, пишува во својата објава Ковачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…