Два одделни случаи на семејно насилство во Скопје: Ќерка и син си ги нападнале мајките
Два одделни случаи на семејно насилство се пријавени во Скопје, при што полициски службеници постапувале по пријави за физички напади врз мајки, информира Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, на 4 август околу 23:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н. (22) од скопско, откако бил пријавен дека истиот ден околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 55-годишна мајка.
Во вториот случај, истиот ден околу 17:40 часот, во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со М.А. (42) од Скопје, по пријава дека во домот физички ја нападнала својата 73-годишна мајка.
Од СВР Скопје соопштуваат дека по целосното документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…
Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…
По вознемирувачкиот случај на физички и психички…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…