Спречен обид за саботажа во Германија: Уапсен жител на Украина – „агент“ кој снимал погон за производство на оружје
Германската полиција денеска соопшти дека го лишила од слобода 33-годишниот државјанин на Украина, кој е осомничен дека ги снимал погоните на производител на оружје во Баварија со цел подготовка на можни саботажи по налог на странска разузнавачка служба.
Како што соопшти полицијата на сојузната покраина Баварија, осомничениот, чиј идентитет засега не се објавува во јавноста, бил уапсен на 2 август во сојузната покраина Тирингија.
Истражителите се сомневаат дека уапсениот делувал како таканаречен „агент од пониско ниво“ во корист на разузнавачка служба на странска држава.
Според информациите на полицијата, осомничениот во јуни оваа година ги снимал објектите на баварскиот производител на оружје, а потоа снимките им ги понудил на своите налогодавачи.
Надлежниот суд веќе му одреди мерка притвор, каде што ќе остане до почетокот на судењето.
Истрагата за овој случај се води во рамките на новиот Национален центар за координација на одбраната од хибридни напади, кој во Германија официјално почна со работа во јуни.
Овој центар е дел од германските мерки за спротивставување на, како што наведуваат властите, растечката закана од саботажи, шпионажа и кампањи за дезинформирање, за кои Берлин посебно ја обвинува Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спречен обид за саботажа во Германија: Уапсен…
Германската полиција денеска соопшти дека го лишила…
Од следната деценија во Европа се можни…
Брзиот технолошки напредок би можел да им…
Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за…
Од скопското обвинителство информираат дека е поднесена…
Расправија во угостителски објект во Тетово: Вработен…
Дваесет и петгодишен жител на тетовското село…
На денешен ден е „роден“ интернетот —…
На денешен ден, 6 август 1991 година, британскиот…