Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради тајфунот „Делфин“, откажани над 500 летови
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска добија наредба за евакуација, а повеќе од 500 летови се откажани поради приближувањето на тајфунот „Делфин“.
Тајфунот од прва категорија, проследен со силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови, полека се приближува кон островскиот појас меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ударите на ветерот наместа достигнуваат брзина и до 198 километри на час.
Властите издадоа наредби за евакуација за околу 260 илјади жители во префектурите Кагошима и Окинава. Компанијата „Тојота“ денеска привремено го прекина производството во девет свои производствени капацитети.
Метеоролошката агенција предупреди дека се очекува „Делфин“ да ја задржи силата при приближувањето кон Окинава, што го зголемува ризикот од оштетување или уривање објекти под налетот на силните ветрови. Се очекуваат и интензивни врнежи и грмежи, така што може да има и појава на поплави.
Невремето веќе го зафати поголемиот дел од јужниот јапонски остров Кјушју, вклучително и префектурата Кумамото што минатата седмица ја потресе земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала.
Околу 6.700 жители на Кумамото се уште се наоѓаат во евакуациски центри откако во земјотресот останаа без покрив над главата.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди и на опасност од топлотен удар, бидејќи во делови од земјата температурите се очекува да достигнат 36 степени Целзиусови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…
Хирошима ја одбележа 81-годишнината од експлозијата на…
Јапонскиот град Хирошима во четврток ја одбележа…
Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија…
Бројот на жртви од земјотресот со јачина…
13 лица загинаа во земјотресот во Јапонија…
13 лица беа пронајдени мртви додека спасувачките…
Јапонија ќе има резервен главен град
Јапонската премиерка Санае Такаичи ја објави својата…