Седум нови случаи на западнонилска треска во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба
Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани.
Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман.
Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес.
Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците.
Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножување на комарците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум…
Нивоата на реките се драстично зголемени по…
Левица повикува утре на протест пред фабриката…
Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…
(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…
Архитектот и член на Централниот комитет на…
Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…
Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…
Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…