ФАО алармира: Светските цени на храната највисоки во последните три години
Поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).
Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е зголемување од јунските 130,3 поени и највисокото ниво од јануари 2023 година.
Главниот економист на ФАО неделава изјави дека светот се соочува со ново зголемување на цените на храната, бидејќи војните во Иран и Украина, заедно со временскиот феномен Ел Нињо, создадоа услови за повисоки трошоци и пониски приноси од жетвите.
Во јуни е забележано месечно зголемување на цените на житарките од 3,4 проценти, односно зголемување на цените на пченицата од 5,8 проценти, соопшти агенцијата.
На пазарите на жито, постои загриженост за нарушувањето на извозот во Црното Море и штетата предизвикана од високите температури во клучните региони за земјоделско производство, додаде ФАО.
Индексот на цените на растителното масло се зголеми за два проценти на највисоко ниво од јуни 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Случајот „Михаилова“ не заслужува посебно внимание
Навредливите коментари на бугарскиот министер за внатрешни…
Шпекулации за договор меѓу САД и Иран,…
Дипломатските напори за намалување на тензиите меѓу…
Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…
Европа плаќа политичка цена за скапите горива:…
Растечките трошоци за гориво и живот го…
Уште „не знаат“ кој ги нападнал –…
Покрај испитувањето на остатоците од дроновите, во…