Тинејџери „ловци на педофили“ претепаа маж до смрт во Пловдив
Окружното обвинителство во Пловдив побара притвор за пет тинејџери, три момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години, кои под маската на „ловци на педофили“ претепаа 37-годишен маж, кој подоцна почина во болница. Злосторството било претходно планирано преку социјалните мрежи, а нападот бил снимен со мобилен телефон.
Истрагата покажа дека на нападот му претходела планирана комуникација на социјалните мрежи. Една од девојките во групата, на возраст од 17 години, се претставувала на интернет како 15-годишна. Кога 37-годишниот маж од Кричим се согласил да се сретнат под Младинскиот рид во Пловдив, групата му поставила заседа, имитирајќи ги интернет-групите кои самоиницијативно се пресметуваат со педофили.
Случаен минувач ја пронашол жртвата во беспомошна состојба со тешки повреди на главата, повредени бели дробови, црн дроб и бубрези. Иако бил итно пренесен во болница, мажот починал по неколку часа. Полицијата во телефоните на приведените пронашла снимки од бруталниот напад, но засега нема докази дека видеото било дистрибуирано на социјалните мрежи.
Првично беа приведени десетина млади лица, но обвинение е поднесено против петмината кои биле најактивни во нападот и исмејувањето на жртвата. Според бугарската полиција, тие потекнуваат од семејства со добар социјален статус, а дел од нив учат во елитни училишта. Истражителите исто така открија дека двајца од учесниците се под истрага и за друг случај на насилство врз граѓани во Пловдив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев лут на ЕП за критиките за…
Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…
Петровска: На СДСМ му треба лидер со…
Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…
Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…
Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…
ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд
Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…
Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…
Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…