Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на гласачкото ливче
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата на федералната кандидатска листа на Јаблоко, со што единствената партија што се спротивставува на војната против Украина е отстранета од гласачкото ливче за парламентарните избори од 18 до 20 септември. Ниту една партија не беше отстранета од изборите за Думата од 1999 година., објавија руските медиуми.
Одлуката значи дека Јаблоко нема да може да поднесе кандидатски листи за претстојните избори. Партијата со децении беше една од главните либерални опозициски сили во Русија, но нејзината работа по почетокот на руската инвазија врз Украина се одвива под сè посилен притисок од властите.
Раководството на Јаблоко најави дека ќе ја обжали судската одлука, оценувајќи ја како политички мотивиран чекор. Од партијата порачаа дека нема да се откажат и покрај забраната.
Јаблоко беше една од ретките официјално регистрирани партии што јавно се спротивставија на руската воена интервенција во Украина. По 2022 година, во Русија беа донесени низа закони со кои се заострија ограничувањата врз критиките кон војската и власта.
Во истиот период, голем број опозициски политичари беа затворени, прогонети или ја напуштија земјата. Просторот за политичко дејствување на опозицијата дополнително се намалуваше, а Јаблоко остана меѓу ретките партии што продолжија да функционираат во рамките на официјалниот политички систем.
Забраната доаѓа во пресрет на парламентарните избори во септември, со што гласачите кои ја поддржуваат оваа политичка опција нема да можат да гласаат за нејзини кандидати.
Партијата најави правна битка против одлуката, а случајот дополнително го отвора прашањето за условите под кои опозициските партии можат да дејствуваат во Русија и за степенот на политичкиот плурализам во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…