Водата во Скопје е безбедна за пиење, надлежните институции вршат континуирани контроли

t

Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење, информираат од Град Скопје.

Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи.

Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Според достапните информации, таа постои околу 30 години.

Сепак, секоја локација која претставува потенцијален еколошки проблем треба соодветно да биде третирана и расчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите надлежности, а Град Скопје ќе даде целосна поддршка за решавање на проблемот, иако локацијата не е на територијата на Град Скопје.

Во однос на безбедноста на водата, контролите се вршат континуирано. Секојдневно се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се анализираат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Изворот „Рашче“ е под 24-часовен надзор и обезбедување, со воспоставени мерки за заштита на извориштето, вклучително и видеонадзор и физичко обезбедување на просторот.

Ги повикуваме граѓаните да се потпираат на официјалните информации и резултатите од лабораториските анализи, а не на непроверени информации и шпекулации кои можат непотребно да создадат страв и паника.

Водата што ја пијат скопјани е безбедна.

Здравјето и безбедноста на граѓаните се приоритет и за нив нема место за компромиси. Доколку постои каков било реален ризик, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…

Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…

Загубите на вода на национално ниво во…

ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…

Откако со години се жалеше на тоа,…

АХВ со нови мерки за водата во…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…