Објавено на:

И денеска многу топло време, од утре заладување

t

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност ја очекува денеска Македонија. Метеоалармот предупредува на високи температури на територијата на целата држава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе се засилува.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе дува повремено засилен северен ветер.

Пресврт во времето се очекува во четврток и петок попладне, кога локално ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни и невреме со силен ветер, пообилен пороен дожд за кратко време и град.

Со продорот на нестабилноста температурите ќе се намалат за неколку степени.

Сепак, заладувањето ќе биде краткотрајно. Во текот на викендот и на почетокот на следната седмица времето повторно ќе се стабилизира, а дневните температури постепено ќе растат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И денеска многу топло време, од утре…

Сончево и многу топло време со мала…

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…

Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…