Над 100 пациенти дневно на Инфективното во Куманово, растат цревните инфекции

t

Повеќе од 100 пациенти дневно се прегледуваат на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, каде во изминатите два месеца е забележан зголемен број гастроентероколити и други цревни инфекции. Лекарите велат дека растот е особено изразен во летниот период и ги опфаќа сите возрасни групи.

Раководителката на одделението, д-р Валентина Џартовска, посочува дека високите температури, патувањата и почестите собирања во поголеми групи придонесуваат за ширење на инфекциите.

Најчести симптоми се повраќање, дијареа и мачнина, а кај дел од пациентите се јавуваат и покачена температура, болки во стомакот, главоболка, болки во мускулите и дехидратација. Поголемиот дел од случаите минуваат со полесна клиничка слика и без потреба од хоспитализација.

Најголем ризик од дехидратација има кај малите деца и повозрасните лица, особено доколку имаат и хронични заболувања. Џартовска советува при појава на симптоми веднаш да се надоместуваат течностите, а доколку состојбата се влошува да се побара лекарска помош.

Во летниот период лекарите препорачуваат полесна храна, правилно чување на намирниците, добра термичка обработка и темелно миење на овошјето и зеленчукот. Важна е и личната хигиена, бидејќи цревните инфекции најчесто се пренесуваат по фекално-орален пат, а некои вируси, меѓу кои норовирусите, може да се шират и меѓу луѓето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 пациенти дневно на Инфективното во…

Повеќе од 100 пациенти дневно се прегледуваат…

Драма во Кисела Вода: 32 годишник натепал…

Синоќа во 20:55 часот во СВР Скопје…

(Видео) Автомобил се судри со авион на…

Возило за копнени услуги, „Фиат Панда“, се…

15-годишник на социјалните мрежи објавил експлицитни фотографии…

Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријавила…

Нема податоци за стомачни проблеми од водата…

Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби…