Објавено на:

(Видео) Се урна американски воен хеликоптер во Тексас: Загинаа двајца војници

t

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер „Апачи“ се урна во средата во округот Бел, во сојузната држава Тексас.

Хеликоптерот AH-64 бил дел од воената база Форт Худ, а несреќата се случила на околу 100 километри северно од главниот град Остин, соопштија локалните власти.

По падот, леталото предизвикало пожар на полето. На местото веднаш биле испратени повеќе локални противпожарни екипи, кои интервенирале додека од остатоците се ширел густ чад.

Портпаролот на шерифот на округот Бел, Клиф Колман, потврдил дека двајцата членови на екипажот биле прогласени за починати.

„Денеска хеликоптер „Апачи“ се урна во округот Бел за време на операциите во Форт Худ, при што загинаа двајца припадници на нашата војска“, соопшти гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Од базата Форт Худ ја потврдиле несреќата и смртта на двајцата војници, но нивниот идентитет засега не е објавен. Воените власти најпрво треба да ги известат нивните семејства.

На фотографиите од местото на несреќата се гледаат пожарникари како ги проверуваат остатоците од хеликоптерот, додека околу нив е опожарена тревата. Причината за падот засега не е соопштена и ќе биде предмет на истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…