Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја коментира изјавата на српскиот претседател Вучиќ дека српската црква е иста во Скопје и во низа други градови низ светот. Таква комуникација, рече Мицкоски, прилега на нешто од минатиот век.
„За мене лично МПЦ-ОА Јустинијана Прима е нешто кое е најсветол дел од македонскиот православен идентитет. Се разбира, ние имаме и Македонци кои се од друга вероисповед, но како столб на македонскиот идентитет МПЦ е нешто над се, за мене како човек. Таков тип на изјава ниту имам намера да коментирам ниту би сакал да навлегувам во каква било дневна комуникација со изблици на нешто кое повеќе прилега на минатиот век, а не на 21 век“, изјави денеска Мицкоски.
Реакција имаше и МПЦ-ОА која соопшти дека таа е црква која ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани „на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“.
Вучиќ неодамна во говор во Мркоњиќ Град рече дека српската црква е иста и во Скопје.
„Српската црква е една и иста. Таа е иста и во „во Мркоњиќ-град, Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт, Мелбурн и на секое друго место во светот“, рече српскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…