Пет мажи упаднале во двор на татко и син, скршиле стакло од врата и ги повредиле со остар предмет
Инцидент во дворот на семејна куќа во Батинци: маж и неговиот малолетен син биле повредени при физички напад од повеќе лица.
Од МВР информираат дека на 16 август 2026 година околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во дворот од неговата куќа во селото Батинци, Скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.
Според пријавеното, за време на инцидентот Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата на куќата.
С.С., пак, со остар предмет им нанел расекотини на 41-годишниот пријавител и на неговиот малолетен син.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет мажи упаднале во двор на татко…
Инцидент во дворот на семејна куќа во…
Мавале со тврди и стаклени предмети –…
Кривично ќе се гонат пет лица за…
Големи колони на Евзони: За излез од…
Големи колони возила се создаваат на граничниот…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…