Активни се осум пожари низ Македонија, уште гори кај прилепско Чаниште
На ден 20.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 13 се изгаснати.
Активни пожари – 8:
Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица и крак кон Црна Река (ниска вегетација).
Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и деградирана дабова шума).
Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Бутел: с. Луботен (ниска вегетација).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума).
Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и шума).
Општина Гостивар: с. Церово (нискостеблеста дабова шума).
Пожари под контрола – 1:
Општина Могила: с. Мојно (ниска вегетација).
Изгаснати пожари – 13:
Општина Радовиш: с. Калугерци (ниска вегетација и контејнер).
Општина Струмица: с. Просениково (стрниште).
Општина Новаци: с. Орле (ниска вегетација).
Општина Гостивар: кај стадионот во населба Фазанерија (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Брвеница: с. Челопек и с. Стримница (ѓубре).
Општина Неготино: м.в. Ило Виларов (ниска вегетација).
Општина Велес: с. Караслари (ниска вегетација и грмушки).
Општина Струга: Ново Село (ниска вегетација).
Општина Дебар: Дебарските гробишта (плевна).
Општина Кичево: с. Туин (стрниште).
Општина Кичево: с. Зајас (стрниште).
Општина Куманово: с. Кучкарево и с. Градиште (ниска вегетација).
Општина Студеничани: с. Батинци (ѓубре).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски за 11 Октомври: Предизвиците да ги…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по…
Зеленски изненаден од најавата на Трамп: „Изјавата…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најавата…
Лошото време зароби странски планинари на врв…
Преку Единствениот број за итни повици 112,…
Марко Топузовски со бронза од Светскoто првенство…
Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал…
Трамп повтори дека Путин сака мировен договор,…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно изјави…