Пезешкијан: Време е да се стави крај на војната со САД додека Иран е во силна позиција
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека е време да се стави крај на војната со САД додека Иран се наоѓа во силна позиција.
– Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа и нагласува дека САД ги напаѓаат нашите училишта, болници и инфраструктура, прекршувајќи ги сите правила – изјави Пезешкијан за време на средбата со медицински работници.
Воениот конфликт меѓу САД и Иран започна на 28 февруари со американско-израелски напади врз Исламската Република, на кои Техеран одговори со ракетни и воздушни удари врз Израел и американските бази во регионот.
На 7 април беше договорен прекин на огнот, а во јуни Вашингтон и Техеран потпишаа меморандум за решавање на конфликтот. Сепак, договорот во меѓувреме се распадна, па на 7 јули борбените дејства беа повторно обновени.
Преговорите за траен мир оттогаш се наоѓаат во застој, а едно од главните спорни прашања останува Ормуската Теснина – Иран инсистира на укинување на американската блокада и санкциите, додека Вашингтон бара целосно слободна пловидба низ овој стратешки поморски пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„На нашиот нов и прекрасен остров“: Трамп…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…
(Видео) Огномет и факели за Артан Груби…
Десетици граѓани и поддржувачи синоќа се собраа…
Една година од смртта на Панчо: Споменот…
Денеска се навршува една година од смртта…
Израелска стратегија за иднината: Превентивни војни, слабеење…
Контроверзна стратешка концепција, претставена во публикација на…
Зеленски потврди: Втора ноќ по ред Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина…