Федоров планира да отпатува во САД за да собере средства за нови одбранбени проекти за Украина
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров планира да отпатува во САД за да собере средства за нови проекти во областа на одбранбените технологии, откако беше разрешен од функцијата, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до поранешниот министер.
Како пионер во примената на беспилотните летала и приврзаник на новите воени технологии по почетокот на руската инвазија во 2022 година, Федоров веќе има воспоставено блиски односи со водечки американски компании како „СпејсИкс“ (SpaceX) и „Палантир“ (Palantir). Токму неговиот личен апел до Илон Маск придонесе за активирање на сателитската мрежа „Старлинк“, чии десетици илјади терминали денес имаат клучно значење за комуникациите и управувањето со дронови на украинското бојно поле, пренесува БТА.
Според изворот, Федоров планира да започне низа проекти поврзани со војната и со украинските стартапи, при што еден од главните проекти ќе биде формирање инвестициски фонд. Тој исто така потврди дека Федоров продолжува да разговара со Маск за прашања поврзани со „Старлинк“, но дека засега не е планирана директна средба меѓу нив.
Истиот извор ги отфрли претходните медиумски информации дека Федоров патува во САД за да побара политичка поддршка, нагласувајќи дека тој нема да се среќава со американски политичари или официјални претставници.
Ваквото патување доаѓа по одредени политички превирања во Киев – По неговото разрешување од Министерството за одбрана во јули предизвика неколкунеделни демонстрации во Киев и други градови со барање за негово враќање, кои во меѓувреме стивнаа.
Во вторникот, во знак на заладување на односите со претседателот Володимир Зеленски, Федоров стана првиот висок украински политичар кој повика на одржување избори за време на војната, иако такви избори не се дозволени според украинскиот Устав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Федоров планира да отпатува во САД за…
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…
ПЕТ-скенот е повторно ставен во функција со…
Единствениот ПЕТ-скен во јавното здравство во земјава…
Просечната нето плата во Хрватска за јуни…
Просечната месечна нето плата исплатена по вработен…
Граѓаните од ризичните места да ги дезинфицираат…
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките…
Просечната плата во јуни падна за 1.163…
Просечната нето-плата во Македонија во јуни изнесувала…