Огнен фронт низ Македонија: 11 пожари се активни, огнот голта шуми и вегетација

t

До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска вегетација и шума, Општина Македонски Брод: месност Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица – ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, Општина Кичево: село Тајмиште, месност Дарда – високостеблеста букова шума, Општина Врапчиште: село Ломница – мешана шума, Општина Маврово и Ростуше: село Церово – ниска вегетација и нискостеблести растенија, Општина Желино: село Церово – ниска вегетација и папрат, Општина Прилеп: село Бонче – ниска вегетација и нискостеблести растенија, Општина Прилеп: село Мажунчиште – ниска вегетација, Општина Прилеп: село Коњари – ниска вегетација и Општина Струмица: село Водоча – стрниште.

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп: село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река – ниска вегетација, Општина Липково: село Никуштак – ниска вегетација и шума, како и Општина Тетово: село Бродец – шума.

Изгаснати се пожарите во Општина Крушево: село Белушино, со крак кон село Јакреново – ниска вегетација и дабова шума, Општина Куманово: месност Стари Лозја – ниска вегетација и ѓубре и Општина Делчево: депонијата во Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огнен фронт низ Македонија: 11 пожари се…

До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17…

МВР го прогласи сообраќајот на Табановце за…

МВР известува дека е нормализиран сообраќајот на…

Претреси на повеќе локации во Тетово и…

На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово…

За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865…

Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани…