Трамп обвинет за можен судир на интереси: Во јуни направил над 1.000 берзански трансакции
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на јуни годинава преку берзите извршил над 1.000 трансакции со акции и други инвестиции во вкупна вредност од 263 милиони долари (224 милиони евра).
Како што наведуваат американските медиуми, ваквите берзански трансакции би можеле да го покренат прашања за потенцијален судири на интереси, бидејќи Трамп, како претседател, води политики што можат да влијаат врз компаниите и секторите во кои тој инвестира.
Така, Трамп купил акции на берзата за криптовалути коинбејз, а притоа неговата Администрација ги олабави регулативите за крипто секторот, а тој експлицитно изрази поддршка на криптовалутите. Од активности со криптовалути Трамп лани заработил над 1,4 милијарди долари (1,2 милијарди евра).
Трамп повеќе пати купил и продал акции на технолошката компанија „Палантир“, која работи во воениот и безбедносниот сектор, вклучително и откако САД и Иран потпишаа договор за прекин на конфликтот.
Според „Блумберг“, во 2025 година Трамп направил повеќе од 21.000 инвестициски трансакции, со вкупна вредност од 600 милиони до 1,86 милијарди долари (500 до 1,5 милијарди евра).
Белата куќа ги негира обвинувањата за судир на интереси и вели дека инвестициите на Трамп се управувани независно од неговата претседателска должност. Според портпарол на Белта куќа, менаџерите на неговото портфолио намерно користат компјутерски модели за тргување со акции од почетокот на 2025 година, токму како аргумент против можен судир на интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…