Двајца млади насилници од Идризово биле агресивни кон продавачка, натепале човек што ја бранел
Двајца насилници од Идризово може на некое време да станат жители на затворот во близина на нивното село, откако во продавница биле агресивни кон продавачка, а потоа и натепале соселанец кој им рекол да не се однесуваат така кон жената, соопшти МВР.
„На 22.08.2026 во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Х.(25) и А.Х.(20), двајцата од село Идризово, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во маркет во с.Идризово се однесувале агресивно кон вработената, а потоа физички и со тврд предмет го нападнале И.О.(41) од истото село, кој побарал од нив да не се однесуваат така кон вработената. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…